Твитер ја укинува политиката за борба против дезинформации за ковид-19

Илустрација

Твитер ја укина политиката чија цел беше спречување на дезинформациите за ковид-19 на платформата.

Платформата со ова се става во ризик од потенцијален пораст на лажни тврдења во САД и насекаде низ светот, а во време кога има жестоки протести против ковид мерките во Кина.

Овој потег, исто така, доаѓа во услови на загриженост за способноста на Твитер да се бори со дезинформациите, откако компанијата под водство на новиот шеф, Илон Маск, отпушти околу половина од персоналот.

Не е јасно какви конкретни мерки Твитер има намера да отфрли. Компанијата не одговори на барањето на медиумите да сподели повеќе информации

На почетокот на 2020, Твитер спроведе голем број мерки, вклучувајќи етикети и предупредувачки пораки на твитови со спорни информации за здравствената криза и рамка за корисниците да ги отстранат твитовите кои даваат штетни и лажни тврдења за вакцините.

Илон Маск најави враќање на суспендираните профили на Твитер

Милијардерот Маск го презеде Твитер на 27 октомври, плаќајќи 44 милијарди долари за компанијата и брзо започна со серија промени. На 29 октомври, Маск рече дека ќе формира совет за умерени содржини со „многу различни гледишта“.