Стопанската комора за енергетика на Македонија иницира референдум за враќање на електродистрибутивната мрежа во државна сопственост, информира претседателот на Комората Ѓорѓи Манасков.
Како што кажа, веќе е поднесена инцијатива до Државната иЕнезборна комисија и се собрани неопходните 100 потписи, а се очекува на 1 декември иницијативата да биде доставена до Собранието од каде треба да се добие дозвола за собирање на 150 илјади потписи за укинување на Законот за приватизирање на електродистрибутивната мрежа од 2004 година со кој електродистрибутивниот систем и беше продаден на приватната австриска компанија ЕВН.
Кој ќе добива субвенционирана струја од први декември?
„За да се реализира независна и стабилна енергија во Македонија најбитно е да се решат трите најголеми проблеми кои ги имаме во моментов. За да излезе Македонија од енергетската криза мора прво да си ја вратиме во државна сопственост електродистрибутивната мрежа заради финансиите кои изнесуваат речиси 500 милиони евра годишно и одат надвор од државата. Со тие средства би можеле да изградиме наш Чебрен и Галиште и наши хидроцентрали со кои ќе можеме да ја балансираме енергијата. Тоа е многу битно бидејќи во моментов се градат бројни фотоволтаични електрани“, изјави Манасков.
Од Собранието, како што кажа, ќе бараат поништување на Законот од 2004 година и со тоа на државата по автоматизам да и се врати електродистрибутивната мрежа.