Кина ќе ја забрза вакцинацијата против ковид кај старите лица

Волонтери подготвуваат вреќи со зеленчук за жителите под заклучување во Пекинг, Кина, 28 ноември 2022 година

Кина денеска објави дека ќе ја забрза кампањата за вакцинирање на постарите лица против ковид-19, бидејќи бројот на инфекции достигна највисоко ниво во последните денови. Националната здравствена комисија во меморандум вети дека ќе ја забрза стапката на вакцинација на лицата над 80 години и ќе продолжи да ја зголемува стапката на вакцинација на лицата на возраст од 60 и 79 години.


Протести во Шангај поради тешките ковид ограничувања

Стапката на вакцинација во Кина, особено кај најстарите луѓе, е еден од редовните аргументи на владата да ја оправда строгата здравствена „нулта ковид“ политика со постојани заклучувања, карантини по пристигнувањето од странство и речиси секојдневно тестирање на населението. Само 65,8 отсто од жителите постари од 80 години се целосно вакцинирани, изјавија претставници на Националната здравствена комисија на денешната прес-конференција. Кина денеска забележа 38.421 нови случаи, што е блиску до највисокиот број од почетокот на пандемијата постигнат овој викенд. Сепак, огромното мнозинство случаи се асимптоматски, а тој број е многу мал во споредба со 1,4 милијарди население во Кина.