Во Иран над 300 загинати од почетокот на немирите за смртта на Махса Амини

Иран - антивладини протести

Повеќе од 300 луѓе загинаа во Иран од почетокот на протестното движење по смртта на Махса Амини во притвор поради кршење на строгиот кодекс на облекување на жените, изјави еден генерал на иранската Револуционерна гарда. Протестите во Иран започнаа по смртта на Махса Амини на 16 септември, како резултат на тепањето од страна на моралната полиција која ја уапси поради наводно несоодветно носење хиџаб. Во видеото објавено од онлајн новинската агенција Мехр, командантот на воздухопловните сили на Револуционерната гарда на Иран, Амирирал Хаџизадех, рече дека сите во земјата биле погодени од смртта на девојчето.

Хамнеи ги пофали полициските сили за задушувањето на протестите во Иран

„Немам најнови податоци, но мислам дека можеби имавме повеќе од 300 маченици и жртви меѓу најдобрите деца на оваа земја по тој инцидент“, рече генералот Амирал Хаџизадех, мислејќи на припадниците на безбедносните сили и демонстрантите. Во тој број на жртви се вклучени десетици припадници на безбедносните сили кои загинале за време на судирите со демонстрантите или биле убиени, според иранските власти. Бројот на жртви се приближува до билансот што го објави невладината организација Иран за човекови права (IHR), со седиште во Норвешка, која наведува дека во репресијата на демонстрантите во Иран загинале најмалку 416 лица.