Приватните автобуси нема да блокираат поради посетата на Штајнмаер

Приватниците ја блокираа крстосницата кај Мавровка и направија сообраќаен хаос во центарот на Скопје.

Приватните автобуси од вторник до четврток нема да ја блокираат крстосницата кај Мавровка поради посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер. Доколку и дотогаш не се постигне никаков договор со Град Скопје и со ЈСП, тие повторно ќе излезат на улица в петок, изјави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски.

Видете и ова: Кулминира судирот на приватните превозници со Арсовска - Скопје во сообраќаен хаос

Тој најави оти тогаш ќе се блокира со сите 200 автобуси и Скопје ќе биде блокирано на повеќе сообраќајници сè до конечно решавање на проблемот.

Приватниците ја блокираа крстосницата кај Мавровка и направија сообраќаен хаос во центарот на Скопје.

Приватните автобуски превозници велат дека ЈСП, кое е под капата на Градот, им должи 1,5 милиони евра и си ги бараат партите. Раководството на ЈСП вели дека нема долг. Проблемот остана без решение и по денешната седница на Советот на Град Скопје.

Видете и ова: Сообраќаен метеж низ Скопје, приватниците не возат, се прават улици