Советот на Град Скопје без одлука за проблемот со приватните автобуски превозници

Приватните превозници денеска ја блокираа крстосницата кај Мавровка и го парализираа сообраќајот во Скопје.

Советот на Град Скопје повторно немаше решение за проблемот со приватните автобуски превозници, и по денешната седница за советнички прашања.

Седницата помина со меѓусебни обвинувања помеѓу советниците на градското Собрание, особено од советниците на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со градоначалничката Данела Арсовска и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие, Александар Стојковски.

Видете и ова: Кулминира судирот на приватните превозници со Арсовска - Скопје во сообраќаен хаос

Покрај тврдењето на градоначалничката Арсовска и в.д. директорот на ЈСП, Стојковски, дека нема долг кон приватните превозници, дека сите фактури се исплатени и дека имало злоупотреба околу продажбата на билети, советниците тврдеа дека има заостанат долг од 90 милиони денари од страна на ЈСП кон приватните превозници и бараа одговор кога тие пари ќе бидат исплатени.

Градоначалничката Арсовска најави дека ќе има нов јавен повик за приватните автобуски превозници, со цел, како што рече, тие што сакаат да работат да можат чесно да заработуваат.

Приватните превозници денеска ја блокираа крстосницата кај Мавровка и го парализираа сообраќајот во Скопје.

Видете и ова: Сообраќаен метеж низ Скопје, приватниците не возат, се прават улици

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановскирече дека не ги добиле очекуваните одговори и оти вечерва ќе одлучат дали ќе продолжи блокадата на крстосницата кај Мавровка.

„Дали ќе се продолжи со протестите вака на оваа раскрсница или ќе се прошират ќе зависи од координативното тело на превозниците кои вечерва сигурно ќе одлучува“, рече Јовановски.