ЕУ ќе ги казнува оние кои ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите

Илустрација

Европската унија (ЕУ) денеска си даде законски овластувања да презема мерки против секој кој ќе ѝ помогне на Русија да ги избегне нејзините санкции, соопшти Унија.

Државите-членки, според соопштението, едногласно се сложиле дека кршењето на рестриктивните мерки против Русија се криминал во целата Унија.

Ова би го олеснило додавањето поединци и фирми од земјите надвор од ЕУ на листата на санкции, кои се поставени да ги казнуваат постојните активности како што е руската инвазија врз Украина, пренесува АФП.

Видете и ова: Велика Британија замрзнала руски имот вреден 20,5 милијарди долари

Тоа би помогнало да се стандардизираат толкувањата и спроведувањето на законите на ЕУ за санкциите во 27-члената Унија.

„Моментално, земјите членки имаат различни дефиниции за тоа што претставува кршењето на рестриктивните мерки и кои казни треба да се применат во случај на кршење“, се наведува во соопштението испратено од актуелното чешко претседателство.

Тоа би можело да доведе до различен степен на спроведување на санкциите и ризик за заобиколување на овие мерки, потенцијално овозможувајќи им на санкционираните лица да продолжат да пристапуваат до својот имот и да ги поддржуваат режимите кои се цел на мерките на ЕУ“, се наведува во соопштението.

По одлуката на земјите членки, Европската комисија ќе изработи правна директива која потоа ќе биде доставена до членките и до Европскиот парламент.
ЕУ, заедно со САД и Велика Британија воведе остри санкции против Русија по инвазијата врз Украина која почна на 24 февруари.