После скоро четири децении почна ерупција на најголемиот активен вулкан на светот – вулканот Мауна Лоа на Хаваи, кој исфрла пепел и лава, соопштија денеска властите.
Ерупцијата почна доцна синоќа на Големиот Остров на Хаваи, соопшти Геолошкиот институт на САД (УСГС). Како што беше соопштено рано утринава, тековите на лавата се ограничени на делот околу врвот и не се закана за околните населби.
Видете и ова: Ерупција на вулкан на Исланд во близина на аеродромотПортпаролката на УСГС рече дека не може да се предвиди колку ќе трае ерупцијата и дали би можела да ги загрози населбите.
Агенцијата за цивилна заштита на Хаваи превентивно отвори засолништа за евентуална евакуација на населението.
На Големиот Остров е издадено предупредување за пад на пепел и се очекува негде да се наталожат 6 милиметри.
Научниците веќе беа во готовност поради неодамнешниот пораст на бројот на потреси на тој вулкан, кој последен пат еруптираше во 1984 година.
Вулканот Мауна Лоа, висок 4169 метри, е еден од петте вулкани на Големиот Остров, најјужниот на хавајскиот архипелаг.