Нуклеарната централа Запорожје останува под руска контрола, соопшти денеска управата инсталирана од Русија на окупираниот град Енерходар, откако висок украински функционер сугерираше дека руските сили се подготвуваат да заминат. „Медиумите активно шират лажни дека Русија наводно планира да се повлече од Енерходар и да ја напушти нуклеарната централа“. Шефот на украинската државна компанија за нуклеарна енергија во неделата рече дека има знаци оти руските сили можеби се подготвуваат да ја напуштат огромната нуклеарна централа Запорожје, која ја зазедоа во март веднаш по нивната инвазија.
Шефот на Енергоатом гледа знаци за можно руско напуштање на окупираната нуклеарна централа
Генералштабот на вооружените сили на Украина денеска соопшти дека украинските сили кон крајот на минатата недела уништиле шест единици руска воена опрема, а околу 30 руски војници биле повредени во борбите кај Енерходар. Ројтерс не беше во можност веднаш да ги потврди извештаите. Многу од работниците на нуклеарната централа Запорожје живеат во блискиот град Енерходар, кој е под руска окупација од раните денови на инвазијата. Рускиот претседател Владимир Путин во септември ги анектира регионите Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје во Украина, каде што неговите сили тврдат дека имаат делумна контрола. Анексија Киев и неговите западни сојузници ја осудија како незаконска.