По десет дена од лансирањето, беспилотното вселенско лето Орион на мисијата на месечината Артемис 1, на НАСА, постави рекорд во однос на поминатото растојание од Земјата.
Тоа е оддалечено од 400.726 километри од Земјата, објави американската вселенска агенција на Твитер на 26 ноември, додавајќи дека ова е најдолгата оддалеченост некогаш помината со вселенско летало направено за човечки патници.
Видете и ова: Тијана и Климент од Охрид: Можеме да стигнеме до НАСАПретходниот рекорд беше поставен пред повеќе од 50 години од мисијата Аполо 13, на 400.101 км.
На капсулата Орион нема луѓе - астронаутите не треба да се приклучат до мисијата Артемис 2 во 2024 година.
Непосредно пред да се постави рекордот на 26 ноември, Орион влезе во орбитата на Месечината.
Програмата Артемис е план на НАСА за враќање на космонаутите на Месечината како отскочна штица за евентуално патување на Марс.