Обновено е снабдувањето со електричната енергија во јужниот украински град Керсон по неговото ослободување на почетокот од овој месец од руската окупација, изјави денеска висок претседателски помошник.
„Прво ја снабдуваме со електрична енергија критичната инфраструктура на градот, а веднаш потоа и потрошувачите во домаќинствата“, напиша Кирило Тимошенко, заменик-шеф на претседателската администрација на Украина, на Телеграм.
Видете и ова: Евакуирани пациентите од болниците во Херсон поради руските нападиГрадот беше без струја, централно греење и вода кога украинските сили го вратија на 11 ноември.
Руските трупи го зазедоа Херсон кратко по инвазијата на Москва на 24 февруари и тоа беше единствениот регионален главен град што успеаја да го освојат.
Нивното повлекување означи значителен неуспех за Москва, но украинските власти велат дека руските сили сè уште го гранатираат градот од другата страна на реката Днепро.