Русија најверојатно ги отстранува нуклеарните боеви глави од старите нуклеарни крстосувачки ракети и истрелува невооружена муниција кон Украина, соопшти британското воено разузнавање.
Оттаму велат дека снимките со отворен код покажуваат остатоци од воздушно лансирана крстосувачка ракета истрелана кон Украина, која се чини дека била дизајнирана во 1980-тите како систем за нуклеарна испорака, додавајќи дека делот веројатно се заменува за боеви глави.
Видете и ова: Шефот за човекови права на ОН вели дека руските напади погодуваат милиони луѓеТаквиот систем сепак ќе предизвика штета преку кинетичката енергија на ракетата и непотрошеното гориво. Сепак, мала е веројатноста да се постигнат сигурни ефекти против планираните цели.
Руската воена инвазија во Украина започна пред девет месеци, а во моментов во фокусот на руските напади е енергетската мрежа во Украина.
Украинските власти работат на враќање на електричната енергија низ целата земја, постигнувајќи одреден напредок по руските ракетни напади, но сè уште не се во можност веднаш да им помогнат на милиони Украинци во темнината.