Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден забрани одобрување на нова телекомуникациска опрема од кинеските компании Хуавеи Технолоџис и ЗТЕ бидејќи тие претставуваат „неприфатлив ризик“ за националната безбедност на САД.
Федералната комисија за комуникации на САД на 25 ноември соопшти дека ги усвоила конечните правила, кои исто така забрануваат продажба или увоз на опрема направена од кинескиот производител на опрема за надзор Дахуа (Dahua Technology Co), фирмата за видео надзор Хангзхоу Хиквисион (Hangzhou Hikvision Digital Technology Co Ltd) и телекомуникациската компанија Хајтера Комуничејшн (Hytera Communications. Corp Ltd).
Видете и ова: ЕУ предлага нова мерка за трговска одбранаПретходно, Вашингтон му забрани на Хуавеи да ги снабдува американските владини системи и силно ја обесхрабри употребата на неговата опрема во приватниот сектор, со стравувања дека опремата може да биде компромитирана од кинеското разузнавање.
Во 2019 година, го стави Хуавеи на црната трговска листа при што им забрани на американските добавувачи да водат бизнис со него, со што кинеската фирма - исто така врвна марка за паметни телефони - се исклучи од мобилниот оперативен систем Андроид на Гугл.