Гувернерот на југоисточната украинска област Херсон, Јарослав Јанушевич денеска изјави дека „поради постојаното гранатирање“ биле евакуирани пациентите од неколку болници. Тој додаде дека хоспитализираните деца биле транспортирани во Миколаев, кој е оддалечен околу 60 километри.
Меѓу евакуираните, како што наведе, има и психијатриски пациенти, при што околу 100 луѓе се очекува да добијат третман во пристанишниот град на Црното Море, Одеса. Јанушевич рече дека некои од трансферите ќе траат „се додека непријателските напади се повторуваат во Херсон“.
Тој порача и дека жителите во градот Херсон, кој беше повторно заземен од украинските сили претходно овој месец по неколкумесечна окупација и беше цел на воздушни напади со долг дострел врз инфраструктурата и цивилните цели може да контактираат со властите за да побараат евакуација во побезбедните региони на Украина.
Видете и ова: Половина Киев се уште без струја по руските нападиГолем дел од земјата останува без струја, вода и гориво по масовните бомбардирања од руските ракетни напади во последните недели. Јанушевич ги извести жителите дека два оператори за мобилни телефони успеале да ги стават во функција двете базни станици во регионот, овозможувајќи говорни и интернет услуги.