Австрија ги покани на конференција министрите за одбрана од Западен Балкан

Знамето на Австрија. Илустрација.

Австриската министерка за одбрана Клаудија Танер ги покани нејзините колеги од Западен Балкан на конференција која ќе се одржи во четврток и петок, наредната недела.

На форумот во Кремс се поканети министрите за одбрана на Албанија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, Северна Македонија, Србија, Косово, како и земјите кои не се дел од Западен Балкан, односно, Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија и Полска.

Министерството за одбрана на Австрија соопшти дека на конференцијата меѓу другото ќе стане збор за спроведувањето на Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан и за регионалната соработка.

Танер, во септември минатата година, исто така, во Кремс ги повика своите колеги од Западен Балкан со цел да се зголеми безбедноста во регионот. Тогаш фокус на средбата беше илегалната миграција, а очекувањата се дека и годинава ќе се разговара на истата тема.