Претседателот на Здружението на приватни превозници „Слобода превоз“ Ленин Јовановски по средбата со Советот на Град Скопје изјави дека добиле ветување оти ќе се направи се за да се надмине проблемот со кој се соочуваат превозниците.
„Целта на оваа средба е постигната. На следната седница што ќе се одржи во понеделник преку советнички прашања ќе побараат одговори на се она што ние не можеме да го добиеме. Советот во рамки на неговите надлежности ќе направи се за надминување на оваа состојба. Добро е што сите претставници на советниците сакаат да се реши ова“, изјави Јовановски.
Тој посочи и дека автобусите на приватните превозници нема да возат се додека не се реши проблемот. Дали ќе протестираат, Јовановски рече дека ќе одлучуваат дополнително. Како проблем, како што наведе тој, останува и неподмирениот долг од страна на ЈСП кон приватните превозници.
Видете и ова: Приватните превозници со демант за Арсовска и протест утре пред ЈСПВеќе петти ден овие превозници не сообраќаат поради неисплатениот долг од Јавното сообраќајно претпријатие кон нив. Непосредно пред средбата, пред централата на Јавното сообраќајно претпријатие тие одржаа мирен протест барајќи средба со директорот на претпријатието.