Жителите на главниот град на Кина денеска почнаа да ги празнат продавниците и да ги користат апликациите за испорака, бидејќи градските власти наредија забрзана изградба на карантински центри и теренски болници за ковид-19. Неизвесноста и непотврдените извештаи за очекувано „заклучување“ на барем некои делови на Пекинг ја поттикнаа зголемената побарувачка за храна и други потреби што не е видено во градот со месеци. Рекорден е дневниот број на новозаразени со ковид-19 низ Кина: денеска се пријавени 32.695 новозаразени, од кои 1.860 се во Пекинг, а повеќето од нив се асимптоматски.
Рекорден број на заразени со ковид-19 во Кина
Импровизираните карантински центри и теренските болници набрзина поставени во гимназиите, изложбените центри и другите големи затворени простори станаа познати по пренатрупаноста, лошите санитарни услови и малку храна. На повеќето жители на Пекинг веќе им е кажано да не ги напуштаат своите населби, од кои некои се опколени. На влезовите чувари во бели заштитни комбинезони ги запираат луѓето без дозвола да се движат и проверуваат дали пријавиле влез преку апликација за мобилен телефон.