Балетска ѕвезда во подем заминала од Русија поради војната во Украина
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Младата балерина Лаура Фернандез, која е родена во Швајцарија, а по мајка е Украинка, почувствувала дека мора да замине од театарот „Станиславски“ во Москва, Русија, по почетокот на руската инвазија врз Украина. Загрижена за роднините во Мариупол, родниот град на нејзината мајка, вели дека донела брза, но не и лесна одлука.