НАТО нема да ја изневери својата поддршка за Украина и исто така да ја зголеми воената помош за земјата, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. „НАТО ќе продолжи да биде со Украина онолку долго колку што е потребно. Нема да отстапиме“, им рече тој на новинарите во Брисел пред состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата во Букурешт во наредната недела.
Столтенберг -Нема индиции дека Русија планира напади врз НАТО земји
Столтенберг оцени дека нема да има траен мир доколку „агресорот Русија победи“. Тој исто така посочи дека е време да бидат прифатени Финска и Шведска како полноправни членки на Алијансата.