Долниот дом на францускиот парламент гласаше за вклучување на правото на абортус во Уставот

францускиот парламент

Пратениците на Националното собрание - Долниот дом на Парламентот на Франција усвоија закон според кој правото на абортус ќе биде вклучено во Уставот. „За“ гласаа 337 пратеници, а „против“ 32 пратеници во Собранието кое има 557 пратеници. За да се измени Уставот на Франција, тој прво треба да биде одобрен во двата дома на собранието - Националното собрание и Сенатот - горниот дом на Парламентот, а потоа и на референдум. Авторите на предлогот од левата коалиција тврдат дека целта на измените на Уставот е „да се заштити и гарантира основното право на доброволно прекинување на бременоста“. Абортусот е декриминализиран во Франција со закон од 1975 година, но во Уставот не постои одредба што го гарантира тоа право. Министерот за правда Ерик Дупон-Морети рече дека центристичката влада на Франција ја поддржува иницијативата за измена на Уставот.

Врховниот суд во Тексас го укина правото на абортус

Тој ја спомна одлуката на Врховниот суд на САД во јуни, која го елиминираше федералното уставно право на абортус и ја остави одлуката на државите: „Правото на абортус што мислевме дека е стекнато пред 50 години (во САД), во реалноста не е воопшто е стекнато“, рече тој. Неодамнешната анкета покажа дека над 80 отсто од Французите го поддржуваат правото на абортус и дека мнозинството граѓани се за внесување на ова право во Уставот.