На девет месеци од инвазијата, Зеленски изјави дека Русија нема да ги „скрши“ Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање, девет месеци од денот на целосната инвазија на Русија, рече дека непријателот не успеал да најде начин да „не скрши и нема да најде“, додавајќи дека украинската војска ги „клучни линии“ во сите правци. Деветте месеци од војната беа одбележани кога поголемиот дел од Украина сè уште е во темнина и без резерви на вода како резултат на серијата руски ракетни напади врз цивилната инфраструктура што ја прекина струјата низ целата земја. Тој ги обвини руските сили за силно бомбардирање на градот Керсон и тоа го нарече „одмазда на губитниците“.

Руските напади може да предизвикаат нуклеарна „катастрофа“

Зеленски рече дека украинските војници држат клучни позиции во сите правци и оти има насоки во кои се подготвуваат да одат напред. РСЕ не може да ги потврди тврдењата на бојното поле на ниту една страна. Генералштабот на украинската армија извести дека Русите ги „интензивирале контрадиверзантските и полициските мерки“ во окупираната област на регионот Керсон и ги зајакнуваат утврдувањето и логистичката поддршка на единиците во областите Керсон, Криви Рих и Криворишка.