Унгарија доби изземање од предложеното ограничување на цената на руската нафта

Hungary - Peter Szijjarto in a press conference in Brussels 2022.05.16.

Унгарија доби изземање од ограничувањето на цената на руската нафта предложена од Европската унија за време на преговорите во Брисел, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

На брифингот во Брисел, пренесуван на неговата страница на Фејсбук, тој рече дека испораката на нафта преку нафтоводите, врз основа на сегашниот предлог на ЕУ, ќе биде ослободена од ограничување на цената.

„Тоа значи дека предложеното ограничување доколку биде усвоено подоцна, нема да влијае врз Унгарија“, истакна Сијарто.

Видете и ова: ЕУ се согласи да ги ограничи цените на енергијата, ама наскоро


Минатиот мецес лидерите на ЕУ на самитот во Брисел постигнаа договор за „патоказ“ чија цел е да се воведат мерки во рок од неколку недели за да ги заштитат европските потрошувачи од зголемените цени на енергијата