Забрана за користење на мазут добила денеска Топланата Скопје Север од инспектори од секторот за животна средина, соопшти денеска Куштрим Рамадани, директор на Топлана Скопје Север. Тој истакна дека не знае дали решението што го добиле е согласно закон и најави дека ќе го обжалат.
Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека законски е предвидена можност да се користи алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, односно мазут или дизел, но, како што порача, кога ќе се користи да се запазат процедурите во државава.
„За нас е приоритет да не се доведеме во таква ситуација да треба да користиме алтернативно гориво за Исток и за Запад, со кои ние менаџираме како држава преку ЕСМ. Во делот на Скопје Север има Инспекторат за животна средина ако во случај работи со мазут или со дизел освен природен гас да ги проверат нивните лиценци и процедурите како ги ставиле овие енергенси во функција“, одговори денеска Бекшети, на новинарско прашање.
Како што соопшти Бектеши, на Скопје Север им се понудени две опции, да се склучи договор за деловно техничка сораотка или за закуп, по примерот со топланите Скопје Исток и за Скопје Запад, но нема повратен одговор од раководството.
Видете и ова: ЕСМ- Нема договор со „Скопје-Север“ без исплата на стариот долгПретходно, директорот на ЕСМ Васко Ковачевски изјави дека АД Скопје Север минатата грејна сезона не го почитувал договорот, односно не ги исполнил обврските кон АД ЕСМ.