Тупанчевски: Изборот на Абази говори и за самите јавни обвинители

Изборот на шефот на јавни обвинители во Обвинителстото за гонење на организиран криминал и корупција говори и за обвинителите кои го избрале рече од собраниската говорница министерот за правда Никола Тупанчевски. Тој одговарајќи на пратеничкото прашање на пратеничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ за изборот на новиот шеф на во ОЈО ГОКК истакна дека не може повеќе да коментира затоа што се поинаку ќе се третира како мешање во нивната работа.

„ Ќе бидам брутално искрен и ќе кажам дека не е неважно за министерот за правда што се случува во неговиот дом, практично во рамките ако се земе формата влегуваат и судството и обвинителството, нотарите извршителите итн“, посочи Тупанчевски.

Силјановска-Давкова, смета дека при избор на Абази, како држава, „сме се соочиле со отоманско-византиски игри“. Резултатот, вели таа, е невозможен и не ни требаше американски глас за да го видиме тоа.

„Министре, јас не барам од вас да се мешате во правосудството, но ме интересира како мислите дека треба да се разреши оваа јавнообвинителска-правна трагедија?“, прашаа таа.

Советот на јавни обвинители го именува Ислам Абази за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал по гласањето на 7 ноември на кое освои 66 гласа .

Неговиот избор се проблематизираше во јавноста поради фотографиите кои беа објавени на кои се гледа дека е во друштво со политичари од ДУИ.

Видете и ова: Абази именуван за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал

По нивното објавување реакција пристигна и од американската амбасадорка Анџела Агелер која изрази отворено незадоволство од начинот на кој Ислам Абази стана шеф на обвинителството што треба да ја предводи борбата против корупцијата.

Видете и ова: Амбасада на САД - Збунети сме од изборот на Абази

Тупанчевски додаде дека тој учествувал во подготовката закон со кој е изменет моделот за избор на шеф, и дека целта на законот била да се да се воведе модел кој би бил транспарентен, објективен односно јавните обвинители да го бираат јавниот обвинител. Според Законот за јавното обвинителство, на изборите за шеф на ОЈО ГОКК право на глас имаа сите јавни обвинители во земјата.