САД го поздравија договорот меѓу Белград и Приштина за табличките

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс

Соединетите држави го поздравија договорот за табели за регистрација, со медијацијата на Европската унија во Брисел, постигнат Белград и Приштина. Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс оцени дека со овој договор е избегната понатамошна ескалација на напнатоста. „Ние го поздравуваме договорот меѓу двете земји за нормализирање на односите под покровителство на Европската унија како најдобар начин за подобрување на европската иднина на Србија и Косово“, наведе Прајс. Соединетите држави, исто така, ја поздравија одлуката, две страни, како што е наведено, да им дадат приоритет на интересите на граѓаните и да преземат чекори за подобрување на секојдневниот живот.

Постигнат договор меѓу Косово и Србија за регистарските таблички

„Две страни, со помош на Европската унија, направија огромен чекор напред - да обезбедат мир и стабилност во целиот регион. САД ги поздравуваат конструктивните преговори кои ќе поттикнат понатамошен напредок кон нормализирање на односите“, рече Најлс. Преговарачите на Косово и Србија, косовскиот вицепремиер Бесник Бислими и директорот на Канцеларијата за Косово при српската влада Петар Петковиќ синоќа во Брисел со посредство на специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак се договорија Приштина да го одложи изрекувањето казни за косовските Срби кои не ги смениле српските со косовски регистарски таблички, додека Белград да престане да издава таблички со српски ознаки за возилата во северно Косово.