Косовската и српската страна постигнаа договор за регистарските таблички, потврди високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел.
„Имаме договор! Со големо задоволство можам да објавам дека главните преговарачи на Косово и Србија, со посредство на ЕУ, договорија мерки за избегнување на понатамошна ескалација и целосно да се концентрираат на предлогот за нормализација на нивната односи“, објави Борел на Твитер.
Борел изјави дека Србија ќе престане да издава регистарски таблички со имињата на косовските градови и дека Косово ќе ги прекине понатамошните активности поврзани со пререгистрацијата на возилата.
„Ќе ги поканам партиите во наредните денови да разговараат за следните чекори. Му благодарам на Мирослав Лајчак за неговата напорна работа“, додаде тој.
Видете и ова: Курти побара француско-германскиот предлог да се стави на маса што побрзоСпоред официјалното соопштение на Борело, ЕУ ќе се погрижи клучните прашања и принципи поврзани со нормализацијата да бидат адресирани во контекст на предлогот, а страните да разберат дека сите претходни договори од дијалогот мора да се спроведат.
Оваа најава доаѓа по средбата на главните преговарачи на Србија и Косово, Петар Петковиќ од Белград и Бесник Бисљими од Приштина, со Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог во Брисел на 23 ноември.
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, им се заблагодари на преговарачите на Косово и Србија за нивниот „конструктивен ангажман“ за време на преговорите во средата, како и на Соединетите Држави.
Главниот српски преговарач Петар Петковиќ истакна дека српската страна успеала да ги зачува мирот и стабилноста и дека косовскиот премиер Албин Курти „вечерва прифатил се што одбивал сите претходни денови“.
Главниот преговарач на Косово, Бесник Бисљими, рече дека прашањето за регистарските таблички повеќе не е на маса, но дека тоа ќе се решава како дел од сеопфатниот договор.
Денешниот исход од преговорите имплицира дека Србија се откажува од регистарските таблички, а Косово се откажува од сите чекори како предупредувања или казни во однос на регистарските таблички, со што се отвора патот за преговори на ниво на лидери за сеопфатен договор според француско-германскиот предлог.