Веб страницата на Европскиот парламент попладнево беше нападната од хакери.
Претходно денеска таа институција ја прогласи Русија за државен спонзор на тероризмот поради руските напади врз украинските цивили и енергетската инфраструктура на земјата, поради што на милиони Украинци им се заканува замрзнување оваа зима.
Видете и ова: Киев цел на ракетни напади, откако европратеници ја прогласија Русија за „спонзор на тероризам“„Веб-страниците на Европскиот парламент во моментов се недостапни поради високите нивоа на надворешен мрежен сообраќај. Овој сообраќај е резултат на напад на DDOS (Дистрибуирано одбивање на услугата)“, објави на Твитер Хаиме Дух, портпарол на Европскиот парламент.
Роберта Мецола, претседателката на Европскиот парламент, накратко го коментираше хакерскиот напад, велејќи дека одговорноста за нападот ја презела про-Кремљ група. „Мојот одговор е : Слава на Украина“, напиша на Твитер Мецола.