Украинците би можеле да се соочат со континуирано затемнување (немање струја) од сега до март, среде ладно, снежно време, бидејќи руските воздушни напади предизвикаа „колосална“ штета на електричната мрежа на Украина, изјавија официјални претставници.
За да се справат со ова, властите ги повикуваат луѓето да складираат залихи и да да се евакуираат од тешко погодените области.
Серхи Коваленко, извршен директор на приватниот енергетски провајдер ДТЕК Јасно, рече дека компанијата има инструкции од украинскиот државен мрежен оператор дека ќе продолжат ваквите прекини.
„Иако сега има помалку прекини, сакам сите да разберат: Најверојатно, Украинците ќе мора да живеат со прекини барем до крајот на март“, предупреди Коваленко на Фејсбук.
Во минатонеделните руски напади речиси половина од енергетската инфраструктура во Украина беше оневозможена од руските напади, според изјавите на украинските власти.
По нападите, околу 10 милиони Украинци останаа без струја во Киев, Харкив, Житомир, Лвив и други градови, соопштија официјални украински претставници.
Токму енергетската инфраструктира во Украина беше главна цел на руските напади во изминатиот период, од инвазијата која почна пред девет месеци.