Саудиска Арабија денеска направи едно од најголемите изненадувања на Светското првенство во Катар, победувајќи го јужноамериканскиот гигант Аргентина со 2:1 во групната фаза на стадионот Лусаил во Доха.
Меси им донесе рано водство на Аргентинците од пенал, но Салех Ал-Шехри израмни на почетокот на второто полувреме, а Салем Ал-Давсари го постигна сензационалниот гол за победата на Саудиска Арабија.
Меси во 10 минута го постигна голот од пенал за Аргентина, во периодот од мечот кога се чинеше дека јужноамериканскиот тим ја има контролата.
Видете и ова: Мундијалот во Катар меѓу контроверзите и квалитетниот фудбалОва беше прв пораз на Аргентина по 37 одиграни меѓународени натпревари.
Аргентина го одржуваше своето водство до паузата, но остана запрепастена во 48-та минута кога најдобриот стрелец на Саудиска Арабија во квалификациите Салех Ал-Шехри ја совлада заспаната одбрана со израмнувачкиот гол.
Меси и неговите соиграчи уште еднаш беа изненадени кога Салем Ал-Давсари погоди во горниот агол на голот на Аргентина за водството на Саудиска Арабија.
Саудискиот голман Мохамед Ал-Овејс исто така беше клучен за нивната прва победа во историјата против Аргентина, откако направи неколку фантастични одбрани.
Ова беше натпревар во Ц групата, во која вториот натпревар вечерва го играат Мексико и Полска.