Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека Трендот на намалување на потрошувачката на струја од страна на државните институции продолжил и во октомври, со што административните згради на Претседателот на државата, Собранието, Владата, министерствата, АД ЕСМ, АД МЕПСО оствариле намалена потрошувачка на струја во просек од 29 отсто.
Според податоците на Електродистрибуција за заштедата на електрична енергија, тоа е повеќе споредено со вкупната заштеда од 20 отсто остварена во септември, рече Бектеши.
„Сите институции во октомври имаат најмалку за 15 отсто намалена потрошувачка на електрична енергија што е согласно препораките и задолженијата кои ги донесе Владата. При тоа најмала заштеда има кај Министерството за здравство од 18 отсто, а најголема заштеда има зградата на Министерство за образование до 58 отсто“, рече Бектеши.
Видете и ова: Битиќи порачува дека недозволиво е производство на струја по поскапа цена од берзанскатаАко се земат во предвид податоците вклучително и на сите државни претпријатија, агенции и управи, нагласи, додаде министерот за економија, тогаш вкупната заштеда на електрична енергија изнесува 24 отсто.
Во анализата на потрошувачката на електрична енергија за октомври 2021 година споредено со истиот месец во 2022 година биле опфатени вкупно 19 јавни претпријатија во државна сопственост со сите подрачни единици, каде вкупната заштеда изнесувала 17 отсто.
Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините покажале дека од 81 општина, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 отсто