Шефот на нуклеарното набљудувачко тело на ОН ги интензивираше своите консултации за поставување на заштитна зона околу нуклеарната централа Запорожје во Украина, по обновените гранатирања што ја погодија централата во текот на викендот.
Рафаел Гроси, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), не даде детали за засилените напори за создавање на зоната, што тој ја бара со месеци.
Видете и ова: Русија предупреди на можна нуклеарна несреќа во ЗапорожјеВо соопштението на 21 ноември, тој наведува дека гранатирањето што се случило доцна на 19 ноември и почетокот на 20 ноември е „еден од најсериозните такви инциденти во објектот во последните месеци“.
Инспекторите на МААЕ можеа да потврдат дека и покрај сериозноста на гранатирањето, клучната опрема остана недопрена и дека нема непосредна загриженост за нуклеарната безбедност, рече Гроси.
Статусот на шесте реакторски единици во Запорожје е стабилен, клучната опрема остана недопрена и нема непосредни прашања за нуклеарната безбедност, се вели во соопштението, но се додава дека експертите на МААЕ сè уште ја истражуваат големата штета низ локацијата.