САД повикаа на претседателска изјава на Советот за безбедност на ОН за да ја повикаат Северна Кореја на одговорност за нејзините ракетни тестови.
Повиците доаѓаат откако Пјонгјанг минатата недела лансираше интерконтинентална балистичка ракета способна да стигне до копното на САД.
Амбасадорот на САД во Обединетите нации рече дека е од витално значење Советот да одговори едногласно и ги повтори обвиненијата на САД дека Кина и Русија го „охрабруваат“ Пјонгјанг блокирајќи ја акцијата на Советот.
„Главен опструкционизам на овие две членки го става на ризик регионот на североисточна Азија и целиот свет“, рече Линда Томас-Гринфилд на состанокот на Советот свикан да се разговара за тестот.
Видете и ова: Северна Кореја истрела сомнителна интерконтинентална балистичка ракета, слета во близина на Јапонија
На 18 ноември Северна Кореја истрела сомнителна интерконтинентална балистичка ракета во петокот, која слета на само 200 километри од Јапонија и имаше доволен дострел да стигне до копното на Соединетите држави, изјавија јапонските власти за новинарите.
Лансирањето беше пријавено и од јужнокорејски и од јапонски функционери и дојде еден ден по помалото ракетно лансирање од Северот и неговото предупредување за „пожесток воен одговор“ на САД за зајакнување на нивното регионално безбедносно присуство.
Со лансирање се засили рекордната година за ракетната програма на Северна Кореја, откако таа продолжи со тестирање на интернонитинентални балистички ракети за прв пат од 2017 година и го прекрши самонаметнатиот мораториум за лансирање со долг дострел, бидејќи преговорите за денуклеаризација беа во застој.