Политика, фудбал и ракети
КАТАР - Фудбалерите на Иран не ја пееја својата национална химна почетокот на натпреварот против Англија на Светското првенство во Катар, очигледно како начин да ги поддржат антивладините демонстранти во нивната татковина, пренесува АФП. Пред натпреварот во Катар, капитенот Алиреза Јаханбахш рече дека тимот заедно ќе одлучи дали ќе одбие да ја пее националната химна или не во знак на солидарност со демонстрациите што го потресоа режимот во Иран. За време на натпреварот на трибините беше истакнато знаме со поддршка на иранските демонстранти.
БЕЛГИЈА - енералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази разочарување што Србија и Косово не постигнаа договор за регистарските таблички на денешниот состанок во Брисел. Столтенберг потврди дека разговарал со шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, по средбата на највисоко политичко ниво меѓу претставниците на Европската унија (ЕУ) со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.
ИНДОНЕЗИЈА - Во денешниот силен земјотрес во главниот остров во Индонезија загинаа најмалку 162 лица, а стотици се повредени.
Преплашените жители бегаа на улиците од земјотресот, а некои беа облеани во крв. Многумина од загинатите се ученици од државните училишта кои ги завршиле часовите за тој ден, а потап земале дополнителни часови во неколку исламски училишта кога зградите се урнале.
БАЛКАН - Албанија, Србија и Косово деновиве беа погодени од поплави предизвикани од обилни дождови. Според медиумските извештаи, во невремето во Албанија загинале две лица, додека во Црна Гора поплавените реки однесоа три животи. Поплавниот бран што ја зафати Србија однесе еден живот.
РУСИЈА - Затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални вели дека го тужи затворот во кој е затворен затоа што не му дал зимски чизми.
Навални, кој моментално се наоѓа во самица, во серија твитови денеска наведе дека му требаат чизмите за да влезе на вежбањето што му е дозволено секој ден, а кое треае 90 минути, во област од бетон покреина со мраз многу помала од неговата ќелија, рече тој.
ЦРНА ГОРА - Уставниот комитет на Парламентот на Црна Гора денеска го усвои Предлогот за да се утврди дали претседателот на државата Мило Ѓукановиќ го прекршил Уставот. Предлогот беше поднесен и изгласан од парламентарното мнозинство на просрпскиот и прорускиот Демократски фронт (ДФ), Демократите и граѓанското движење УРА, кои имаат 41 од вкупно 81 пратенички мандат.
УКРАИНА - Русија денеска соопшти дека гранатирањето на нуклеарната централа во Запорожје претставува ризик од предизвикување на голема нуклеарна несреќа и ги повтори обвинувањата, кои претходно Киев ги негираше, дека се виновни украинските сили. Кремљ ги повика „сите земји во светот“ да извршат притисок врз Киев да ги прекине нападите, за кои Украина вели дека се одговорност на Русија. Електраната, која е под руска контрола за време на викендот беше потресена од силно гранатирање, што наиде на осуда од МААЕ која соопшти дека таквите напади ризикуваат голема катастрофа.
МАКЕДОНИЈА - Оштетено е стаклото од излогот и дел од светлечката реклама на бугарскиот клуб „Цар Борис трети“ во Охрид, соопшти охридската полиција. Оштетувањето било пријавено во полиција ноќеска во 2 часот и 5 минути. Полицијата работи на расчистување на настанот, информира за МИА портпаролот на полицијата во Охрид, Стефан Димоски.
МАКЕДОНИЈА - Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица - управители на приватната очна болница „ ЕУРОПЕАН ЕЈЕ ХОСПИТАЛ Скопје“. Пријавените лица, во период од 2011 до 2020 година набавиле повеќе видови медицински средства од сомнително потекло, односно од непознати производители и добавувачи, при тоа истите не ги евидентирале во нивното сметководство како набавени, соопшти Финансиска полиција.
ПОЛСКА - Варшава ќе ја прифати понудата од Германија и ќе предложи распоредување дополнителни ракетни системи „Патриот“ во близина на нејзината граница со Украина, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.
МАКЕДОНИЈА - Новоформираното студентско движење „Студентски отпор“ апелира до сите пратенички групи во Собранието на Македонија да го искористат последниот рок за поднесување на амандмани на Буџетот за 2023 и да им излезат в пресрет на студентите, односно да се зголемат парите што ги предвиделе од МОН.