Во денешниот силен земјотрес во главниот остров во Индонезија загинаа најмалку 162 лица, а стотици се повредени.
Преплашените жители бегаа на улиците од земјотресот, а некои беа облеани во крв.
Многумина од загинатите се ученици од државните училишта кои ги завршиле часовите за тој ден, а потап земале дополнителни часови во неколку исламски училишта кога зградите се урнале.
Тоа го потврди гувернерот на Западна Јава Ридван Камил го објави новиот број на загинати во оддалечената, рурална област.
Земјотресот што ја погоди Индонезија е со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што го потресе регионот во провинцијата Западна Јава во доцните попладневни часови, на длабочина од 10 километри.
Тој предизвика паника и во пошироката област Џакарта, каде што се нишаа високите згради, а некои луѓе беа евакуирани.