Собраниска комисија во Црна Гора оцени дека Ѓукановиќ го прекршил Уставот

President of Montenegro and the leader of the Democratic Party of Socialists (DPS) Milo Djukanović. 18 November 2022

Уставниот комитет на Парламентот на Црна Гора денеска го усвои Предлогот за да се утврди дали претседателот на државата Мило Ѓукановиќ го прекршил Уставот.

Предлогот беше поднесен и изгласан од парламентарното мнозинство на просрпскиот и прорускиот Демократски фронт (ДФ), Демократите и граѓанското движење УРА, кои имаат 41 од вкупно 81 пратенички мандат.

Опозицијата не присуствуваше на седницата.

Во образложението на предлогот се наведува дека Ѓукановиќ не му предложил на Собранието претставник за состав на новата Влада по изгласувањето недоверба на Владата на премиерот Дритан Абазовиќ на 20 август.

Во него се додава дека Ѓукановиќ на разговорите за мандатот не ги поканил ниту сите претставници на парламентарните партии - Демос, Обединета Црна Гора, Права Црна Гора, Работничката партија и Граѓанската алијанса Цивис.

Тоа се партии кои имаат по еден пратеник, а конституенти се коалицијата предводена од ДФ и УРА.