Директорите на енергетските компании, ЕСМ Васко Ковачевски, и МЕПСО Охран Муртезани, се наградени со 1.700 евра плата месечно, а ЕСМ увезува и до 1/3 од дневните потреби за ЕВН, изјави денеска Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.
„Ковачевски и Муртeзани се паразитите во ЕСМ и МЕПСО“, рече тој.
ВМРО-ДПМНЕ пресметува дека Ковачевски за еден мандат ќе ја чини државата над 80.000 евра, а исто толку ќе отидат и за плата на Муртезани за еден мандат.
Освен нивните имиња, беше споменато и името на Бајрам Реџепи, извршен директор на Национални Енергетски Ресурси, кој месечно зема 1.300 евра плата, и за една година од оваа државна компанија наплаќа 15.000 евра.
Од опозициската партија неколку денови објавуваат имиња на директори и функционери кои земаат плата и по неколку илјади евра.
Видете и ова: Нови обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за тоа кој е „паразит“На прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ реагираа од владејачката партија СДСМ. Според нив „ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити“.
„Во време на режимот, над 93.000 евра народни пари завршиле кај сегашниот шеф на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а над 67.000 евра завршиле кај неговата блиска соработничка Гордана Димитриевска Кочовска“, реагираат од СДСМ.
Од СДСМ велат и дека Ивица Томовски, кој ја објавува аферата „Паразит“ како управител на АД ЕЛЕМ Турс само од плати добил над два милиони денари или над 30.000 евра народни пари.