Немаше кворум за избор на нови шефови на две виши и пет основни јавни обвинителства, па Советот на јавни обвинители на седницата одржана на 21 ноември именуваше вршители на должноста до создавање на услови за избор.
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на почетокот на денешната седница појасни дека поради отсуство на државниот обвинител Љубомир Јовевски немаат услови за избор на шефови на Вишото јавно обвинителство – Скопје и Гостивар.
Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски не присуствуваше на денешната седница на Советот поради влошена здравствена состојба и е на болничко лекување од петокот, рече Јолески.
На денешната седница за вд шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје е избран Мустафа Хајрулахи, а Вјолца Омази е избрана за шеф на Вишо јавно обвинителство Гостивар, избрани се и вршители на должноста шефови на ОЈО Битола, ОЈО Велес, за ОЈО Гостивар, за ОЈО Кавадарци и за ОЈО Куманово.
На дневен ред на денешната седница на Советот на јавни обвинители, беше и одлуката за објавување на оглас за четворица јавни обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал, но тоа повторно беше одложено.
Видете и ова: Амбасада на САД - Збунети сме од изборот на АбазиСоветот на ЈО, на денешната седница, исто така, го предложи јавниот обвинител Бесир Алиу за член на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, на местото Ислам Абази кој се повлекол.
Абази неодамна стана прв човек на Обвинителството за гонење организиран криминал.
Американската амбасада во Скопје на 18 ноември го критикуваше изборот на Абази. Новата амбасадорка Анџела Агелер изразува отворено незадоволство од начинот на кој Ислам Абази стана шеф на обвинителството што треба да ја предводи борбата против корупцијата.