Можно проширување на владиното мнозинство

Лидерска средба во Собрание, Скопје, 7 ноември 2022

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека е можно проширување на владиното мнозинство доколку со Алијанса за Албанците (АА) се усогласат по клучните принципи. Тој вели дека продолжуваат разговорите со оваа партија која е во опозиција.

Во одговор на новинарско прашање за коментар на изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека се разговара со АА и за нивен евентуален влез во владината коалиција, Ковачевски изјави дека одговорот на Ахмети не се разликува од одговорот кој што тој веќе го дал по средбата во петокот со Таравари.

Ковачевски и вд претседателот на Алијансата, Арбен Таравари се сретнаа во петокот, по што премиерот рече дека разговарале за европската иднина на државата и сите одлуки коишто треба да се носат.

Премиерот вели дека не се разговарало конкретно за ресори.

Видете и ова: Ахмети: Со Алијанса за Албанците сме во разговори за влез во Владата

Владејачкото мнозинство брои 64 пратеници од вкупно 120 во Собранието.
Пред Собранието е предизвикот да се донесат уставни измени, односно внесување на Бугарите во македонскиот Устав, што е услов за продолжување на преговорите со ЕУ по поглавја. Но за уставни измени е потребно дво-третинско мнозинство.