Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска вели дека растат штедните влогови на граѓаните. Од почетокот на годината тие се повисоки за 130 милиони евра. Таа во интервју за Македонската телевизија вели дека се забележува и зголемување на каматите на денарските депозити.
„Кога започна војната во Украина, депозитите се намалија на месечна основа на 1,8 проценти, меѓутоа потоа без прекини се остварува раст на депозитите на населението. Според последните бројки годишниот раст е некаде околу 5,3 отсто, а вкупно од почетокот на годината депозитите пораснаа за 130 милиони евра“, истакнува гувернерката.
Видете и ова: Плаќачите ќе плаќаат уште поголеми даноциГувернерката Ангеловска-Бежоска посочува дека и покрај кризата, довербата во денарот е задржана. Таа вели дека девизните резерви и натаму се на соодветното ниво и се значително повисоки во споредба со почетокот на пандемијата.