Повеќе од 8.300 цивили се убиени досега во руската војна против Украина, соопштија во неделата истражителите во Киев.
Меѓу нив имало 437 деца, изјави државниот обвинител Андриј Костин, јави украинската новинска агенција УНИАН во неделата.
Повеќе од 11.000 луѓе се повредени во војната, која трае речиси девет месеци.
Според Костин, вистинскиот број на жртви најверојатно ќе биде поголем бидејќи украинските власти сè уште немаат пристап до некои области окупирани од Русија.
Видете и ова: Експлозии во нуклеарната централа Запорожје - Киев и Москва со меѓусебни обвинувањаВо ослободените региони, украинските војници продолжуваат да пронаоѓаат тела и докази за сомнителни злосторства.
Украинските власти досега регистрирале повеќе од 45.000 воени злосторства, при што 216 лица се пријавени како осомничени воени злосторници, меѓу кои и 17 руски воени заробеници. Од 60 луѓе колку што досега се обвинети, 12 се осудени.