Потребана ни е деескалација на ситуацијата, да го запреме постојаното управување со кризи и да почнеме да ги нормализираме односите, напиша на Твитер шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, пред денешната средба во Брисел со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.
Тој потсети дека за денеска свикал итен состанок со Вучиќ и Курти во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Борел оцени дека станува збор за „итна средба“
Како што претходно најавија од Европската служба за надворешни работи, Борел денеска од осум часот ќе има одвоени средби со Вучиќ и Курти, по што е предвидена заедничка средба.
Видете и ова: САД се надеваат дека Србија и Косово ќе постигнат договорСредбата се случува среде кризата предизвикана од регистарските таблички издадени од српските власти, кои косовската страна ги смета за незаконски.
Косовските власти најавија дека од 21 ноември ќе почнат да наплатуваат казни од 150 евра за возачите кои не ги пререгистрирале возилата на табличките РКС (Република Косово).
Но, косовската полиција во неделата најави дека од вторник, 22 ноември, ќе почне со наплата на казните.
Европската унија смета дека ова е „најсериозната криза од 2013 година“.