Автобусите на „Слобода превоз“ нема да возат на дел од линиите низ Скопје

Во Скопје денеска нема да има приватни автобуси на линиите 9, 12, 22, 23 и 45. Автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“ нема да сообраќаат поради оти немаат пари за нафта, затоа што ЈСП „Скопје“ односно Град Скопје не го исплатил долгот кон компанијата.

Сепак во функција остануваат линиите 11, 11а, 47, 55, 61, 63 и 73, кои како приградски линии делумно се финансираат и од општините кои не се во состав на Град Скопје.

Видете и ова: Возачите на ЈСП на протест, граѓаните не можат да стигнат на работа и на школо

Од „Слобода превоз“ најавија дека претставници на превозниците од сите линии во 9:00 часот ќе бидат пред Градското собрание каде што ќе побараат итен прием кај секретарот на Град Скопје кому ќе ги пренесат проблемите со кои се соочуваат, а кои се поврзани со големиот долг на ЈСП кон нив. Во зависност од исходот на таа средба ќе зависи дали автобусите на приватниот превозник ќе се вратат на улица.

Пред еден месец еден ден не возеа ни автобусите на ЈСП „Скопје“ зошто вработените немаа земено плата. Потоа, поради долг кој не можеше да го наплати од ЈСП односно од Град Скопје, престанаа да сообраќаат автобусите на приватниот превозник „Макекспрес“.