Во земјава лани 116 лица го загубиле животот во сообраќајки

Илустративна фотографија

Сто и шеснаесет лица лани во Македонија загинале во сообраќајни незгоди, покажуваат податоците на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП).

По повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди од РСБСП денеска апелираат да се почитуваат сообраќајните правила.

„Овој ден има за цел да ја потсети јавноста на лицата кои настрадале во сообраќајни незгоди, да им се даде помен на истите, но и да се допре до свеста на сите учесници во сообраќајот со цел тие да размислат за сопствената одговорност, како и за последиците од сообраќајните незгоди, порачуваат од РСБСП.

Луѓето гинат по улици, а абер нема од системот на камери за казнување

Годишно, во светот, околу 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони лица се здобиваат со повреди.

Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди се одбележува од 1993 година, а во 2005-та ООН го прогласи за Светски ден кој се одбележува секогаш во недела во третата седмица од месецот ноември.