Турски авиони гранатираа две села населени со Курди во северна Сирија, изјави портпаролот на Сириските демократски сили (СДФ).
Турција во вторникот соопшти дека планира да ја продолжи операцијата во северна Сирија против милитантите на Курдистанската работничка партија (ПКК) во Ирак, започната по смртоносниот бомбашки напад минатиот викенд во Истанбул, пренесува новинската агенција АФП.
Владата ги обвини курдските милитанти за експлозијата на авенијата Истиклал во Истанбул на 13 ноември, во која загинаа шест лица, а повеќе од 80 беа повредени.
Бугарија уапси 5 лица за помагање на еден од осомничените за нападот во Истанбул
Турското Министерство за одбрана доцна во саботата, објави во твит дека „се трага по одговорните за подмолен напад“ заедно со фотографија од полетување на борбен авион.
Ниту една група не ја презеде одговорноста за експлозијата на прометната пешачка авенија во Истанбул, а Курдистанската работничка партија и Сириските Демократски Сили негираа вмешаност.
Турција досега изврши три упади во северна Сирија против сириската курдска милиција, за која вели дека е крило на Курдистанската работничка партија. Претседателот Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека Турција може да спроведе уште една операција против неа.