Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообилни и поројни. Максималната температура ќе биде околу 17 степени.
Што најновата наука на ОН кажува за климатските промени
Променливо облачно со локални врнежи од дожд не очекува и утре. Во утринските часови во источните делови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне на повеќе места со сончеви периоди.
Според УХМР, утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени четири степени, а максимални 19 степени се измерени во Струмица. На Попова Шапка се измерени и најмногу врнежи, во изминатите 24 часа, вкупно 14 литри на метар квадратен.