Илон Маск започна анкета на Твитер доцна во петокот, барајќи од следбениците да гласаат дали да се реактивира профилот на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп на платформата.
Првите резултати покажуваат дека околу 60 отсто гласале „за“. Маск денеска напиша дека истражувањето генерира околу милион гласови на час.
Новиот сопственик на Твитер, во мај изјави дека ќе ја поништи забраната на Твитер за Трамп, чиј профил беше суспендиран по минатогодишниот напад на американскиот Капитол.
Твитер почна да ги отпушта работниците
Одлуката на Маск да побара насоки од корисниците на Твитер за тоа кој треба да биде на платформата е дел од масовното преструктуирање на компанијата, кое што вклучува и масовни отпуштања на вработени.