Украина го обнови железничкиот сообраќај кон градот Херсон, од каде неодамна се повлекоа руските сили.
Ова е првиот воз што патува од Киев до Херсон од пред руската инвазија која започна на 24 февруари. Официјалните лица рекоа дека тоа го означило продолжувањето на редовнoто сообраќање.
Што следува во војната во Украина, по Херсон?
Украинските трупи со недели се бореа да ги потиснат руските сили од градот Херсон и регионите западно од реката Днепар. На 11 ноември, на руските сили им беше наредено да се повлечат од десниот (западен) брег на регионот Херсон.