Австрија не е против влезот на Хрватска во Шенген вели хрватскиот министер Божиновиќ

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ

Хрватска е една од најголемите придобивки за Шенген, а Австрија не ја гледа Хрватска како проблем, изјави во саботата на 19 ноември вицепремиерот и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

„Сигурен сум дека ќе се покаже на 8 декември, кога ќе биде донесена конечната одлука“, рече Божиновиќ, отфрлајќи ги шпекулациите дека изјавата на австрискиот министер за внатрешни работи Карнер, кој се спротивстави на проширувањето на Шенген, важи и за Хрватска.

„Вчера бев во контакт со него и денеска разговаравме. Факт е дека Австрија го поддржува членството на Хрватска во Шенген од самиот почеток на нашиот пристапен процес и ништо не се промени“, рече Божиновиќ на прес-конференција во Загреб.

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер од конзервативната Австриска народна партија се спротивстави на проширувањето на Шенген зоната во Хрватска, Бугарија и Романија во изјава за австриското радио емитувано од Виенски Курир.

„Не е соодветно да се гласа за проширување, кога системот на надворешни граници не функционира“, рече Карнер и додаде дека Австрија се соочува со зголемен прилив на бегалци кои до неа стигнале преку другите земји на ЕУ на таканаречената балканска рута.

„Затоа, како министер за внатрешни работи кој е одговорен за безбедноста, се спротивставувам на проширувањето“, ја пренесува Курир изјавата на Карнер.

Австрија се противи на влезот на Хрватска, Бугарија и Романија во шенген зоната

Божиновиќ вели дека зголемениот притисок на илегалната миграција кон ЕУ е забележан на сите правци, особено на источно-медитеранската рута каде што зголемувањето е околу 193 отсто и тоа, според него, е главната причина за загриженоста на Австрија.

„Пораст бележи и Хрватска. Меѓутоа, кога станува збор за Австрија, повеќето не одат преку Хрватска, туку од Србија преку Унгарија и потоа во Австрија. Проблемот постои кога зборуваме за миграцијата, а не за нашето членство во Шенге и затоа во петок имаме вонреден Совет на министри за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ, каде ќе се разговара за целиот пакет мигрантски бранови во сите три правци“, рече Божиновиќ и додаде:

„Ова беше пораката што Австрија ја испрати до сите на тој состанок во петокот во Брисел, дека мора да се води сметка за севкупните проблеми со мигрантите. Според информациите што ги имаме, за тоа ќе се разговара“,нагласи тој.