Бугарија уапси 5 лица за помагање на еден од осомничените за нападот во Истанбул

Истанбул - Увид на местото на нападот 13.11.2022

Пет лица се приведени како обвинети за помагање на еден од осомничените за бомбашкиот напад што се случи минатиот викенд во центарот на Истанбул, во кој загинаа шест лица, соопшти бугарското обвинителство на 19 ноември.

„Пет лица се обвинети поради нивната „логистичка“ помош на еден од осомничените да побегне, изјави за новинската агенција АФП Сијка Милева, портпаролка на обвинителството во Софија.

Турција уапси осомничена за нападот во Истанбул, ПКК негира дека се вмешани

Нападот се случи минатата недела на 13 ноември на авенијата Истиклал, популарна пешачка зона со продавници и ресторани што води до плоштад Таксим. Во експлозијата загинаа шест лица, а 81 беа повредени.

Турција во петокот уапси 17 лица за бомбашкиот напад, а Анкара ја обвини Курдската Работничка Партија (ПКК) која ја смета за терористичка група. ПКК негираше вмешаност во нападот.