Навивачите на Светското првенство можат да преживеат три часа на ден без пиво, изјави денеска Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, откако беше соопштена одлуката дека се забранува продажбата на пиво на сите стадиони каде ќе се одиграт фудбалските натпревари.
Мундијалот во Катар меѓу контроверзите и квалитетниот фудбал
Светското првенство во фудбал ќе се одржи во Катар од 20 ноември до 18 декември 2022 година. Алкохолот е во голема мера забранет во исламската нација, но одлуката на земјата домаќин и организаторите предизвика бес кај навивачите. Сепак безалкохолното пиво сè очекува да биде достапно.